Германија го укина предупредувањето за граѓаните да не патуваат во странство

3.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германија го укина предупредувањето за граѓаните да не патуваат во странство

Германската влада го укинува генералното предупредување за патување во земјите од Европската Унија, како и во Велика Британија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн од 15 јуни, објави во Берлин германскиот министер за надворешни работи, Хаико Мас.

„Од 15 јуни, предупредувањата се укинати, се разбира под претпоставка дека ситуацијата со пандемијата на коронавирус не се менува“, рече Хаико Мас по состанокот на германската влада.

По 15 јуни се укинуваат предупредувањата кои се однесуваат за земји во кои владее опасност од тероризам или војна. Наместо тоа, се враќаат вообичаените упатства за патување во одделни земји.

Така, патувањето во Велика Британија сè уште не се препорачува поради двонеделниот карантин што е на сила таму при влегувањето во земјата.

Истото важи и за Норвешка и Шпанија, каде сè уште е на сила забраната за влез, но која, како што објасни Мас, треба да се укине по 15 јуни.

„Укинувањето на предупредувањето не значи покана за патување во исто време“, рече Мас, додавајќи дека и по 15 јуни треба да се проверуваат упатствата за патување во одделни земји.

Германскиот министер за надворешни работи предупреди дека во никој случај нема повторно да се преземе никаква акција за враќање на германските туристи од странство преку воздушни мостови, како што беше случајот во март и април годинава кога повеќе од 250.000 туристи беа префрлени во Германија од целиот свет.

За ставот кон патувањето во земји надвор од Европската Унија, германската влада ќе се разговара на една од идите седници.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата