Скопје, Велес... И КУМАНОВСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ЗАСТАНАА ЗАД ЧУЛЕВ, демантиран човекот на Заев

31.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопје, Велес... И КУМАНОВСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ЗАСТАНАА ЗАД ЧУЛЕВ, демантиран човекот на Заев

За волја на вистината, Чулев неколку пати беше во посета на Куманово. Не седеше во канцеларија да води политика. Лесно е да се седи во канцеларија и да се даваат партиски изјави, вели во соопштението до медиумите началникот на СВР Куманово, Антон Витковски.

Да престанеме да ја мешаме политиката во полициското постапување, нема поголема гордост од фактот секојдневно да се биде на терен со полициските службеници, како што тоа го прави министерот Чулев.

Во оваа прилика сакам во целост да ја демантирам изјавата на директорот на БЈБ, затоа што во неа се наведени неточни информации.

Од моја страна во ниту една прилика не сум кажал дека се срамам што сум дел од тимот на Чулев и денешната изјава на директорот на БЈБ ја сметам за грубо кршење на принципите на кои се гради меѓусебната доверба и работењето во рамки на оваа организациска единица во МВР, вели Витковски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата