Филипче: Или ќе ги почитуваме мерките или СЕ ВРАЌАМЕ НАЗАД КОН СИЛНИ РЕСТРИКЦИИ

30.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филипче: Или ќе ги почитуваме мерките или СЕ ВРАЌАМЕ НАЗАД КОН СИЛНИ РЕСТРИКЦИИ

Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа – вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките. Оние кои не веруваат во ова треба да ја погледнат состојбата во Општина Дебар. Дебар беше прва општина која влезе во карантин, а денес е општина во која со недели нема ниту еден нов случај. Ова е заслуга на граѓаните и нивното дисциплинирано однесување, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Ние, како што наведува Филипче, не можеме вечно да живееме во карантин, бидејќи тоа е штетно за менталното здравје на граѓаните, за економија, за целото општество.

Имаме два избори, или ќе го продолжиме да го враќаме животот во нормала почитувајќи ги безусловно мерките или ќе се враќаме назад кон силни рестрикции. Изборот е наш. Друг излез од оваа состојба, за жал не постои. Јас силно верувам дека ќе избереме да го нормализираме животот заштитувајќи го нашето лично здравје, колективното здравје и здравствениот систем. Затоа уште еднаш апелирам, да се воздржиме од групирање и да одржуваме дистанца, да сме внимателни и да носиме заштитна опрема и да се грижиме за личната хигиена, напиша на ФБ, министерот Филипче

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата