Следната недела ќе се знае кога стартуваат ТЕРЕТАНИТЕ и БАЗЕНИТЕ!

29.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Следната недела ќе се знае кога стартуваат ТЕРЕТАНИТЕ и БАЗЕНИТЕ!

Протоколите се изработени, во текот на следната недела ќе биде донесена одлуката кога стартуваат со работа теретаните, фитнес и спа центрите, како и базените, рече министерот Филипче на денешната прес-конференција на која најави дека скопските општини Сарај, Чаир, Бутел, Аеродром и Гази Баба, можно е да бидат ставени во карантин доколку во следните денови расте бројот на новозаразени граѓани од КОВИД-19.

Тој појасни дека ваква одлука денеска не донеле, но ќе ги следат бројките и во следните денови и од почеток на следната недела ќе носат одлуки. Воведувањето на карантинот, појасни, би било по примерот на Дебар, односно ограничување на движење во рамки на одреден дел од градот и земјата.

Филипче на почеток на следната недела ќе има одлука за отворање на границите, за државите кои најавија дека ќе ги отворат границите за нашата земја.

– Еден сериозен дел од ново дијагонстицираните пациенти по однос на анализата на епидемолошките анализи укажуваат дека мерките едноставно не се почитуват. Мора да се почитуваат мерките за да се враќаме во нормала, секаде во светот е тоа така, не може вечно да живееме со затворени граници. Огромна одговорност сега паѓа врз граѓаните и секако институциите коитреба да го контролират и санкционираат, изјави министерот Филипче.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата