ЌЕ БИДАТ ЛИ ПОВТОРНО ВРАТЕНИ РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ? Еве што предлага Комисијата за заразни болести

29.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЌЕ БИДАТ ЛИ ПОВТОРНО ВРАТЕНИ РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ? Еве што предлага Комисијата за заразни болести

Неофицијално, ТВ21 дознава дека во последните 24 часа бројот на заболени од коронавирус е над 50.

Заменик министерот за здравство, Арменд Арслани, за ТВ21 изјави дека Комисијата за заразни болести на состанокот што се одржа утринава, му предложила на Централниот кризен штаб построго да ги спроведува препораките за заштита, во спротивно мерките може да бидат обновени.

Оваа информација за ТВ21 ја потврди и дополнителниот заменик министер во МВР, Славјана Петровска. Таа посочи дека Комисијата предложила МВР и инспекторатите да бидат поприсутни на терен и поригорозни во спроведувањето заштитни мерки, заштитни маски, да не се дозволат големи групи на луѓе и да се почитуваат протоколите во кафулиња и ресторани.

Петровска не потврдува дека на состанокот било предложено враќање на полицискиот час.

Извор: ТВ21

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата