Доцна синоќа, односно во 22: 30 часот на магистралниот пат Штип-Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.З.(25) од с.Чешиново, Кочанско и патничко возило „пежо 206“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од А.В.(30) од Злетово. По незгодата, сопатниците во возилото „пежо“, Х.В.(25) и две петгодишни деца биле пренесени во Клиничката болница Штип каде им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.

Најчитани вести