Загина виничанец – автомобилот излетал од патот

17.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Загина виничанец – автомобилот излетал од патот

На магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, автомобил „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало од коловозот вчера доцна попладнето.

Б.Ќ. починал на местото на несреќата од здобиените повреди, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

The post Загина виничанец – автомобилот излетал од патот appeared first on NetPress.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата