Младо момче (17) загина откако со мопед „лонгија“ со неготински регистарски таблички изгубил контрола и удрил во бетонски столб во селото Тимјаник. Несреќата се случила нешто пред еден часот по полноќ.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт на самото место. Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино извршиле увид, а телото на починатиот по наредба на обвинителството е предадено на обдукција.
The post Загина тинејџер, со мопед се забил во бетонски столб appeared first on NetPress.

