На различни локации во Тетово вчера попладне и навечер, биле приведени А.М.(34), Н.Ф.(53), двајцата од Тетово и Н.Ј.(40) од тетовското село Селце, затоа што кај нив била пронајдена поголема количина пиротехнички средства.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни пријави, соопшти СВР Тетово.

