Во Радовишко уапсени двајца мажи – им заплениле повеќе од 300 парчиња пиротехника

30.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Радовишко уапсени двајца мажи – им заплениле повеќе од 300 парчиња пиротехника

Вчера во селото Конче, Радовишко, полицијата со судска наредба извршиле претрес во домот на К.К.(38) од Конче. При претресот се пронајдени 105 парчиња пиротехнички средства.

Истиот ден во село Ињево, Радовишко, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш извршиле претрес и во домот на И.К.(30) од село Ињево, при што се пронајдени 198 парчиња пиротехнички средства.

По документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави, вели СВР Струмица.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата