Во опозиција обединети, ПОТОА ФОТЕЛЈАТА НЕ РАЗДЕЛИ – Костовски побара обединување на членството, тие го соочија со реалноста

27.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во опозиција обединети, ПОТОА ФОТЕЛЈАТА НЕ РАЗДЕЛИ – Костовски побара обединување на членството, тие го соочија со реалноста

Во опозиција бевме обединети, потоа не раздели фотелјата, вака граѓаните му одговорија на пратеникот од СДСМ Мартин Костовски кој веројатно исплашен од одење во опозиција имајќи ги предвид рејтинзите на партиите и политичката ситуација, на Фејсбук побара поддршка од членството за да не потонеле.

Изборите се секој ден поблиску, а на сите анкети ВМРО-ДПМНЕ е во водство и тоа убедливо со 3 спрема 1 во однос на СДСМ, а во ситуација кога се во државата е катастрофално, кога веројатно и за уставните измени СДСМ нема поддршка од своите, Костовски дури сега побара обединување од членството. Но членството му порача дека е доцна.

– Социјалдемократи другари и другарки или ќе се држиме сите заедно еден до друг, или ќе потонеме сите еден покрај друг.  Време за помирување и обединувањe, напиша Костовски.

Сепак оваа објава не наиде на поддршка и позитивни коментари како што очекувал Костовски, напротив, членството го соочи со реалноста која е сурова за него во овие моменти.

Така еден член му порача дека веќе потонале и дека казната доаѓа.

– Ние веќе потонавме. Ама за нас не е важно, важно е вие да не потонете. Сега кај членовите на СДСМ веќе не постои разочарување туку гнев и револт кон раководството на партијата. Затоа ќе бидете жестоко казнети на наредните парламентарни избори кога и да се, напиша тој.

Друг му порача дека е касно затоа што досега не им било важно како живее членството, а дури сега бараат да се држеле заедно.

Воедно му беше порачано да си ги види коментарите за да знае од кого е СДСМ потонато.

– СДСМ одамна е потонато од таквите како тебе. Си ги читаш ли коментарите? Цело Куманово не те сака, напиша уште еден член на СДСМ.

Во еден од коментарите стои е касно и дека дојде време да се плати сметката.

– Касно ви текна другар, сметката треба да се плати прво… тие што ја доведоа до оваа ситуација партијата првин треба да се отстранат, стои во коментарот.

Добро е одредени личности да се приземјат, пишува членка на партијата, која му порача на Костовски да го стават прстот на чело и да видат каде и кому што ветувале.

– И многу ме интересира како тие личности сега повторно ќе се појават меѓу истите тие луѓе кои во очи ги направиле будали, а ги има баеѓи. Ќе биде интересно на средните, напиша таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата