СВР Тетово поднел кривична пријава против Ф.Ш. (65) од Тетово и И.А. (45) од с. Бродец, Тетовско, за кривично дело „бесправно градење“.
Пријавените во текот на 2025 година во атар на с.Гајре, Тетовско, изградиле шест бетонски столбови во зона на Национален парк „Шар Планина“ без претходно да обезбедат соодветна дозвола за градба од општина Тетово.

