МВР информира дека вчера попладне во 16.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во сопствената куќа во с. Беловиште, гостиварско, бил пронајден починат А.Ш.(43).
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош Гостивар, а увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, информираат од СВР Тетово.
По наредба на обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.