Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик против едно лице на возраст од 36 години.
На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал на катот и пронашол и одзел 2.500 денари.
Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор.
The post Влегол да краде во незаклучена куќа во Битола, па се заканувал со скалпел appeared first on NetPress.
