Вкупно 17 лица се уапсени за хулиганството што се случи на прославата на Денот на албанското знаме

30.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вкупно 17 лица се уапсени за хулиганството што се случи на прославата на Денот на албанското знаме

Полицијата продолжува да ги расчистува инцидентите за време и по прославата на денот на албанското знаме. Досега се приведени 17 лица, од кои голем дел малолетници, пренесе ТВ Алфа.

Четворица се од Скопје кои се уапсени за кинење на македонското знаме. Двајца малолетници се уапсени за симнување и палење на знаме од јарбол. Три лица се уапсени во Прилеп, каде го сквернават албанското национално знаме. По протесна нота од српската Амбасада, во Куманово е лишено и лицето кое ја кршело таблата на конзулатот во градот.

Министерот Тошковски, рече дека ќе бара казни дури и за лицето кое го вози автомобилот од кој испаднаа повеќе лица за време на прославата на албанското знаме.

Тројца од приведените веќе се во притвор. Министерот уверува дека полицијата ќе одговори жестоко на секој обид за предизвикување на верска и национална омраза.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата