ВИДЕО: Нацоски со „Ми заплакало селото Ваташа“ ги потсети бугарските националисти за злосторите

16.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВИДЕО: Нацоски со „Ми заплакало селото Ваташа“ ги потсети бугарските националисти за злосторите

Македонски оперски пејач и веројатно најдобриот македонски тенор на сите времиња, Благој Нацоски преку својот Фејсбук профил упати критики до бугарските националисти кои шират небулози за историјата на македонскиот народ.

Неговата Фејсбук објава ја пренесуваме интегрално:

„Деновиве ги читам изјавите на бугарските националисти во врска со историјата на македонскиот народ и не можам да се изначудам на нивните небулози. Особено апсурдна е онаа во која ја негираат нивната фашистичка окупација на Македонија. Со ова мое видео сакам да ги потсетам што се случило токму на денешен ден пред 76 години во месноста Моклиште, Тиквешко!

Белки како знак на добрососедство и пријателство бугарскиот претседател ќе се поклони пред споменикот во Ваташа* и ќе му се извини на целиот македонски народ за злосторите како овој и оној во Дабница** во 1942“.

Погледнете ја маестралната изведба на  Нацоски на народната песна „Ми заплакало селото, селото Ваташа“ испеана за убиството на 12-те младинци од селото, изведено од бугарскиот фашистички окупатор на денешен ден, 16 јуни 1943 година.

*Масакрот во Ваташа e крвав настан кој се случил на 16 јуни 1943 година кога биле стрелани 12 младинци од селото Ваташа во близина на Моклиште кај месноста „Чаир“, на 12 км од Ваташа. Колежот го извршила бугарската воjска и одреди полиција, под команда на полковник Љубен Апостолов, командант на 56. Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија.

**Масакрот кај Дабница е масакр извршен на 19 септември 1942 година кај прилепското село Дабница од страна на бугарскиот окупатор. Во масакрот настрадале 18 лица.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата