(Видео) Али Ахмети: “НЕ ЗНАМ ЈА…“, а парите само течат на сметката Ахмети

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Али Ахмети: “НЕ ЗНАМ ЈА…“, а парите само течат на сметката Ахмети

На Али Ахмети му гори под нозете. Партијата му се дели и распаѓа, од тоа пто останува во ДУИ се создаваат кланови со свои профитни интереси и се борат едни против други, а Али Ахмети соочен со извесно губење на власта по над 20 години последните месеци и година ги троши за финансиско обезбедување на својот син, и својата фамилија, секако со пари од буџетот.

Ахмети се труди да ја минимизира и смири ситуацијата, како никогаш досега се појавува често во јавноста и дава интервјуа.

Во последното интревју беше прашан за бизнисите на својот син, Дрин Мехмети, кој на млади години веќе покажа десетици милиони имот и пари но, и за неговиот зет за ќерка Куштрим Смајлај. Неговата фирма, формирана в0 2022 година, уште за правта година има приход од скоро 22 милиони евра, со профит над 2,5 милиони евра а се занимава – со градежништво!

Али Ахмети одговара наивно дека “не му се познати тие податоци…“.

Затот на Али Ахмети, до пред месец дена, имал ортак во фирмата кој истапил, се работи за Ерџан Сулкоски кој е ортак со Ратко Капушевски ви фирмата РКМ која лани за потребите на ТЕЦ Неготино увезла и продала мазут за 110 милиони евра со профит од 6 милиони евра, секако со тендер одобрен и потпишан од државата.

Али Ахмети вели “немам поим кој е тој Ерџан Сулкоски“

Следи ново прашање за бизнисот на Селаудин Арифи, сватот на Али Ахмети, таткото на свршеницата на другиот син на Али Ахмети, чија фирма работи со приходи од по 5-6 милиони евра.

За сватот Али Ахмети не можеше да каже дека не го познава, или прв пат слушнал за него но рече дека тој имал фирма уште од пред деведесеттите, а не знае сошто таа сватовска врска се поврзува со него (со Али Ахмети) бидејќи врската помеѓу неговиот син и ќерката на Арифи се уште не е официјализирана (не се во брак).

“Син ми е архитект со своја канцеларија, и работел во Швајцарија 5-6 години“ вели Ахмети но, и потврди дека е косопственик во фирми од енергетскиот бизнис. Според Али Ахмети синму, како архитект, работел 5-6 години и парите што ги заработил можел да ги инвестира во енергетика.

Но, неговиот роднина Фатмир Лимани, повеќе пати изнесува податоци дека фамилијата на Али Ахмети до 2001 гоидина била сиромашна, биле сточари и земјоделци, а денес се меѓу најбогатите луѓе во регионот. Али Ахмети се обиде да му одговори на роднината Фатмир Лимани:

“Не знам колку пари брои моето семејство Ахмети, но сите пари ги заработува со пот…“

Приказнаите за политичките милионери се исти:

Заев раскажуваше како неговата фамилија биле земјоделци а тој продавал пипер и лубеници на пазар, потоа, откако станал градоначалник одеднаш му тргнало и денес возат мајбаси, јахти, со куќи во странство а социјалните мрежи се полни со слики од скапите ски центри и хотели на семесјтвото Заеви.

Али Ахмети не кажа аргументи за да демантира серија коруптивни скандали со кои е поврзан тој и неговото семејство, само вели “не се сеќавам, не сум запознаен, прв пат слушам…“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата