Уапсени возачи во Кичево и во Ресенско

24.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсени возачи во Кичево и во Ресенско

Двајца возачи биле уапсени вчера поради возење во алкохолизирана состојба и поради брзо возење, соопшти МВР.

Во 9 часот вчера во Кичево бил уапсен П.М.(42) од кичевското село Лазаровци. При рутинска сообраќајна контрола, бил сопрен автомобил „алфа“ со кичевски регистерски таблички со кој управувал сега уапсениот. При тест за алкохолизираност, било утврдено дека тој е под дејство на алкохол, односно дека има 2,44 промили алкохол во крвта.

Потоа вечерта, во 18:55 часот во ресенското село Јанковец бил сопрен автомобил „бмв“ со охридски таблички управуван од М.П.(36) од Охрид, откако при мерење на брзината било констатирано дека возилото се движи со брзина од 105 километри на час на место каде е дозволено 50 километри на час.

По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, нагласува МВР.

The post Уапсени возачи во Кичево и во Ресенско appeared first on NetPress.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата