Турчин фатен на граница со пасош што си го преправал со пенкало

19.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турчин фатен на граница со пасош што си го преправал со пенкало

Во текот на вчерашниот ден во 03:50 часот на Граничниот премин Стар Дојран, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(56) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека датумот на важност на неговата патна исправа бил преправан со пенкало.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата