Тројца повредени во тешката сообраќајка во Автокоманда

1.08.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тројца повредени во тешката сообраќајка во Автокоманда

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи попладнево во Скопската населба Автокоманда во која учествувале три патнички возила.

-На бул Александар Македонски во Скопје случена е сообраќајна незгода во која учествувале три возила од која незгода има три повредени лица. Дел од повредените се префрлени во болница, информираат  од МВР.

Во моментот во тек е увид.

Сообраќајот на крстосницата се одвива со застој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата