24инфо.мк пренесе дека жената која пред неколку денови беше пронајдена во водите на реката Вардар кај Зелениково е всушност Лидија од скопското село Јурумлери.
Потврда за тоа 24инфо добиле од нејзините најблиски.
Лидија (43) исчезна минатата година на осми ноември, а последен пат била видена на автобуската станица во селото Јурумлери.
Потрагата по неа траеше со месеци, а нејзиниот брат и нејзината сестра бараа и меѓународна помош за нејзино пронаоѓање.