Трагедија во Кисела Вода: 70 годишна жена почина по пад од тераса, дете пренесено во Ургентен

4.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трагедија во Кисела Вода: 70 годишна жена почина по пад од тераса, дете пренесено во Ургентен

Седумдесетгодишна жена и малолетник синоќа паднале од тераса во скопска Кисела Вода.

Жената починала на лице место, а детето било пренесено во Ургентниот центар за укажување на помош.

Голем број екипи интервенираа на лице место.

Полицијата ги утврдува причините за настанот, засега нема повеќе детали.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата