Во семејна расправија во која дошло до физилка пресметка, таткото со ловечка пушка го усмртил синот, според последните информаци кои ги соопшти во четвртокот доцна вечерта СВР Тетово во врска со убиството во тетовската населба Блок 70.
„Денеска околу 18.50 часот во Блок 70 во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка.
По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело “убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н.“, информираше портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Од полицијата најавуваат дека по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.