Стружанец пронајден почина во мотел во Ѓорче Петров, телото на обдукција

3.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стружанец пронајден почина во мотел во Ѓорче Петров, телото на обдукција

Во СВР Скопје во саботата во 16.48 часот било пријавено дека во мотел на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат С.И. на 48 години од Струга.

Од лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт, а од страна на екипа од ЕНК ОКСД и од ЕУМНА извршен е увид.

За случајот е известен надлежен ЈО и по негови насоки телото на починатиот било предадено на обдукција, велат од МВР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата