Вчера попладнето биле уапсен А.Ф.(36) од Струмица.
Како што соопшти СВР Струмица, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, е пронајдена марихуана, а при преглед кај него се пронајдени неколку пакувања со амфетамин.
Уапсениот е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава, вели СВР Струмица.

