Стојкоски со предлог пет улици во Ѓорче Петров да ги носат имињата на бранителите кои загинаа во конфликтот во 2001 година

10.08.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стојкоски со предлог пет улици во Ѓорче Петров да ги носат имињата на бранителите кои загинаа во конфликтот во 2001 година

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски денеска, во спомен на бранителите од Ѓорче Петров кои загинаа кај Љуботенски Бачила во конфликтот во 2001 година, на три споменици подигнати во нивна чест, оддаде почит за нивната пожртвуваност со сопствениот живот за денеска да живееме во мир.

– Сите ние сме горди со нивните херојства. Нивната жртва е испишана во историјата, а нашите поколенија учат за нивното дело.​​​​На централната манифестација на споменикот во Волково присуствуваа бројни високи делегации и членови на семејствата. Ги посетивме и спомен-чешмата во име на Томислав Настевски во Ѓорче Петров, како и споменикот на бранителите во нашиот реонски парк, порача Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров му предложи и на Советот на Град Скопје пет улици во општината да бидат именувани со имињата на овие македонски херои, во најголем дел улиците на кои се наоѓаат нивните семејни куќи.

– Ова е само дел од нашите заложби во нивна чест. Жалам и секогаш ќе жалам. Сите заедно изгубивме едно брдо херојство. Тажно за нашата Македонија. Вечна слава на Ивица Златевски, Раде Јанковски, Томе Димоски, Томислав Настевски, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски и на сите македонски бранители кои одлучно застанаа во одбрана на својата земја и го положија животот за Република Македонија. Тоа е љубов кон татковината за почит. Поклон до земја за јунаштвото. Да живее споменот за нашите Македонци. Да живее Република Македонија, порача Стојкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата