Јасна е
интенцијата, до сега нема никаков предмет оформен од Јавното обвинителство, има
само изјави за некакви активности, но всушност нема никаква реакција, што
остава простор за сомнеж дека криминалот се остава непречено да продолжи да
тече на Онкологија, рече Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека два
месеца од случајот, 20 дена од прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека скандалот
„Диво месо“ на Онкологија продолжува.
И со отсуство на
реакција јасно е дека тоа така ќе продолжи се додека на Ислам Абази му седат
над глава, а Јовески чека да стане уставен судија. Уште пострашно е што Јовески
самиот на собраниската комисија за Онкологија, се спротивстави на овие докази и
се спротистави на комисијата во Собранието, додека се уште нема ништо, нема
никаков предмет од случајот „Диво месо“, криминален канцер на Онкологија,
изјави Стоилковски.
Стоилковски
изјави дека во надеж дека некој обвинител ќе се охрабри и нема да дозволи „Диво
месо“ да заврши како модуларната, Беса Транс, Ласкарци, како што најавиле
документите донесени до ВМРО-ДПМНЕ преку укажувачи на криминал и корупција ќе
бидат доставени до Јавното обвинителство.
Тој посочи дека
генералниот штрајк во администрацијата на Јавното обвинителство нема да ги
спречи, туку ќе дојдат повторно да ги достават документите.