Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче денеска одржуваат средба во Владата. Филипче, според најавите, ќе му го образложи на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ неговиот план за долгорочна стратегија на државата која би се изготвила со политички дијалог.
Филипче минатата недела најави дека ќе иницира средба, а премиерот прифати да се сретнат. Од Владата вчера попладне соопштија дека имајќи ја предвид меѓусебната подготвеност за средба, таа е закажана за 14 часот.
– Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочија од Владата.
Лидерот на опозициската партија Филипче вчера на прес-конференција повика на политички и општествен дијалог.
фото Курир.мк