ВМРО-ДПМНЕ:

Со Ковачевски како премиер Телеком е дувло на непотизам

19.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со Ковачевски како премиер Телеком е дувло на непотизам

Со Ковачевски како премиер Телеком е дувло на непотизам, Љушев кој важи за близок до него со менаџерска позиција си ја наградил сопругата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Никола Љушев кој важи за близок до Димитар Ковачевски, како директор на Македонски Телеком, најпрвно си ја вработува својата сопруга, Наташа Љушева во 2020 година во Телеком, за сега да ја унапреди во главен менаџер за секторот дигитализација.

Телеком е фирма каде и државата има соптсвеност и претставник во органите на управување, креирање од истата дувло на непотизам го руши имиџот и на компанијата и на Македонија.

Љушев не е единствен директор во Телеком кој си ја вработил сопругата, и главниот директор за финансии, Славко Пројкоски си ја вработил својата сопруга Гордана Пројкоска, додека пак главниот комерцијален директор за приватни корисници Бранко Станчев, си ја вработил сопругата Драгана Станчева.

Симптоматично е што вработувањето и поставувањето на сопругата на Љушев на менаџерска позиција, односно нејзиниот напредок во Телеком се случува во моменти кога Ковачевски станува заменик министер за финансии, а потоа и премиер.

Со секој поминат ден со Ковачевски и СДС, државата и државните фирми ќе се полнат со роднини и пријатели на нивните функционери, затоа се потребни промени, се вели во партиското соопштение.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата