Пронајден починат осуденик во келија во штипскиот затвор

16.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пронајден починат осуденик во келија во штипскиот затвор

МВР информира дека е пронајдено тело на осуденик во келија во затворот во Штип.

-На 15.12.2025 во 10:35 часот во СВР Штип, од Казнено поправна установа-Затвор Штип пријавено е дека во соба во установата пронајден е починат осуденикот В.М.(40) од Скопје. Од лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, велат од МВР.

The post Пронајден починат осуденик во келија во штипскиот затвор appeared first on NetPress.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата