Приведено лице од Гостивар за издржување затворска казна

6.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Приведено лице од Гостивар за издржување затворска казна

Полициски службеници вчера привеле едно лице од Гостивар, кое било барано за издржување на затворска казна.

– Вчера во 18:30 часот на улица „Никола Тесла“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Д.С.(69) Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна, соопштуваат од МВР.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата