Приведен маж од Косово, сакал да влезе во Македонија со фалсификувана возачка дозвола

12.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Приведен маж од Косово, сакал да влезе во Македонија со фалсификувана возачка дозвола

На 11.02.2024 во 14:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(25) од Косово затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека на увид дал фалсификувана косовска возачка дозвола.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата