Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мисајловски се сретнаа со сенаторот Марфи: Уставни измени под овие услови и бугарски диктат не се можни

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мисајловски се сретнаа со сенаторот Марфи: Уставни измени под овие услови и бугарски диктат не се можни

Денеска пратениците Владо Мисајловски, Никола Мицевски, Ане Лашкоска, Марија Петрушeвска, Бојан Стојаноски и Љупчо Пренџов во својство на претседатели на работни тела и членови на истите остварија средба со американскиот сенатор Крис Марфи.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, и стратешките интереси на Република Македонија.

Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ истакнаа дека под овие услови и под бугарски диктат уставните измени не се можни и тие како претставници на граѓаните немаат легитимитет да одлучуваат по ова прашање.

– На средбата беше посочено дека власта еднострано тера процес без да бидат уважени забелешките  и укажувањата од страна на опозицијата, што секако создава уште поголема поделба во општеството. Исто така, беше истакнато дека е потребен економски развој и борба против криминалот и високата корупција како еден од најважните проблеми со кој се соочуваат граѓаните.
Заклучивме дека ќе продолжиме да го негуваме пријателството и да го засилуваме партнерството со Соединетите Американски Држави во однос на локалните и глобалните предизвици, се вели во партиското соопштение.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата