Познати идентитетите на насилниците кои тепаа луѓе во Куманово

20.11.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познати идентитетите на насилниците кои тепаа луѓе во Куманово

Кумановската полиција ќе поднесе пријава против две лица од липковското село Опае, бидејќи ги сомничи за физички напад врз две лица во центарот на Куманово, соопшти денеска полицијата.

Видеото од физичкиот напад синоќа се прошири на социјалните мрежи и предизвика внимание во јавноста.

СВР Куманово утрово информираше дека работи на расчистување на случајот, откако триесет и тригодишен кумановец го пријавил случајот во полицијата по полноќ.

-Денеска во СВР Куманово бил извршен службен разговор со Б.Р.(23) и А.Р. (22) од село Опае, липковско. Тие се сомничат дека вчера, околу 19:30 часот на улицата „Маршал Тито“ во Куманово физички ги нападнале Р.Н.(33) и Н.М., двајцата од Куманово, наведува во соопштението СВР Куманово.

По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата