Вчера во 12:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на И.С.(65) од Скопје, во која не живеел никој.
Во пожарот е зафатена соба со дел од покуќнината, а повредени лица нема.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е изгаснат.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

