На сметките на пензионерите денес ќе легнат дополнителни 2500 денари. Станува збор за второто линеарно зголемување. Првтото покачување беше во септември минатата година кое изнесуваше исто 2.500денари .
На сметките на над 300 илјади пензионериќе легнат зголемени мартовски пензии за 2.500 денари.
Со зголемувањето на пензиите минатата есен од 2.500 денари, веќе имаат поголеми примања за 5 илјади денари за само 8 месеци.
За 2025 година, во Буџетот се предвидени 1,715 милијарди евра за исплата на пензиите.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека зголемувањето на примањата на пензионерите ќе ја намали разликата меѓу најбогатите и најсиромашните граѓани. Тој потенцираше дека Владата не ги прифатила предлозите на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои побараа зголемување на старосната граница за пензионирање, зголемување на ДДВ и воведување променливи даночни стапки. Определба на оваа владина гарнитура останува рамниот данок. Инаку и платите на здравствените работници за март ќе бидат поголеми за 15 отсто, а до крајот мандатот планирани е тие да бидат покачени за 40-50 проценти