Кривична пријава е поднесена против двајца кавадарчани за сторено кривично дело “лихварство”. ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднело кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Според пријавеното, тие во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година на лице од Неготино му давале пари на заем со писмени и усни договори, при што си одредувале лихва која на крајот достигнала 167.000 денари. за што оштетениот доставил и докази.
Со наредба од Основен суд Кавадарци извршен е претрес во нивниот дом и помошни простории, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, а од Н.С. се одземени тефтери со забелешки, по што двајцата се уапсени.
The post Повеќе од две години му позајмувале за „дебела“ лихва appeared first on NetPress.

