Полицајци од Чегране мателе со пријави за бесправно изграден објект и окривиле пријавувач на случајот

16.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицајци од Чегране мателе со пријави за бесправно изграден објект и окривиле пријавувач на случајот

Командир и полицајци од полициско одделение во Чегране прикривале бесправно градење, а пријава за бесправна градба ја измениле и го обвиниле пријавувачот за лажно пријавување.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното ОЈО за ГОКК– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднел кривична пријава против Б.И., командир на Полициско одделение Чегране, К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е. , сите полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово.

Ги товари за попречување на правдата. Според полицискиот билтен, тие во повеќе наврати во текот на 2025 година, постапувајќи по поплака за бесправно градење од подносител, измениле и изготвиле дополнителен службен материјал со кој ја промениле фактичката состојба, со што го спречиле, прикриле и го отежнале докажувањето за утврдување на бесправното градење во постапка која се води пред суд или друг орган надлежен за утврдување на бесправно градење.

Истовремено, тие една поплака за бесправно градење, ја означиле како прекршок за лажно пријавување спрема подносителот на поплаката – без да ја констатираат фактичката состојба изготвиле записник за констатиран прекршок и барање за поведување на прекршочна постапка против подносителот на поплаката.

ОВККИПС по добиена согласност од ОЈО за ГОКК, против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед.

The post Полицајци од Чегране мателе со пријави за бесправно изграден објект и окривиле пријавувач на случајот appeared first on NetPress.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата