<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Нема големи</span>
промени во цените<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"> на горивата кои ќе
важат од полноќ. </span>
Цените на бензините не се менуваат, додека дизелот од полноќ
ќе биде поевтин за половина денар
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР
БС-98 не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува
80,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00
ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за
0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 77,00
ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство
на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00
ден/лит и ќе изнесува 75,50 ден/лит – се вели во
соопштението на Регулаторната комисија за енергетика
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар
во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во
просек за 0,158% или за 1,250 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за
0,807% или за 6,600 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за
1,158% или за 9,250 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,035%
или за 5,100 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е
извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во
изминатиот период, во просек изнесува 57,1605 ден/$ и е за околу 0,562% понизок
од курсот на доларот (57,4835 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната
пресметка.