ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

28.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Петмина повредени е билансот од сообраќајната несреќа која се случила утринава на патот Тетово-Гостивар. Во несреќата која се случила околу 10 часот учествувале три возила, а сите пет повредени се однесени во гостиварската болница за укажување лекарска помош.

-На автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила: „сеат леон“ со гостиварски и „фолксфаген голф“ и „фиат“ со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата, со повреди се здобиле вкупно пет лица кои веднаш се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.

На местото на несреќата увид изврши екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата