ПЕТ ЗАГИНАТИ И 54 ПОВРЕДЕНИ во сообраќајки на патото Кичево Охрид и тоа за година и пол

15.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПЕТ ЗАГИНАТИ И 54 ПОВРЕДЕНИ во сообраќајки на патото Кичево Охрид и тоа за година и пол

Автопатот кој никако да се догради стана трагичар. Пет 5 лица ги загубиле животите, а 54 се повредни во сообраќајни несреќи годинава и лани на патот од Кичево до Охрид, каде десет години траат градежните работи за изградба на автопатот.

Автопатот во должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ кога премиер беше Никола Груевски, и сѐ уште не е завршен, ниту пак ќе биде годинава.

Според податоците на СВР Охрид, во 2022 година случени се 3 сообраќајни несреќи во кои животот го загубиле 3 лица и 13 сообраќајни несреќи во кои 20 лица добиле тешки телесни повреди и 14 лица лесни телесни повреди.

Во 2023 година во две сообраќајни несреќи животот го загубиле 2 лица, додека во 14 сообраќајни незгоди 19 лица имале тешки телесни повреди и едно лице поминало со лесни телесни повреди.

Лани во ноември премиерот Димитар Ковачевски  на увид на градежните работи на автопатот кажа дека се работи со засилено темпо и дека очекува да биде готов до крајот на 2023 година. И министерот за транспорт и врски Благој Бочварски неколку пати повторуваше дека до крајот на 2023 година градежните работи ќе бидат завршени.

Но теренот покажува друго.

Министерот Бочварски, за разлика од лани, сега не кажува кога ќе биде готов автопатот што се гради десет години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата