Пандов: Ако докажан шпион како Верушевски добива 42.000 евра наши пари, патриотите и уставобранителите по колку треба да добијат?

4.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пандов: Ако докажан шпион како Верушевски добива 42.000 евра наши пари, патриотите и уставобранителите по колку треба да добијат?

Аналитичарот Александар Пандов на социјалните мрежи прашува ако докажан шпион како Верушевски, поради својата „невиност“ за одлежани 344 дена добива 42.000 евра наши пари, патриотите и уставобранителите по падот на хунтава по колку треба да добијат?

Братот Горан Ангелов комуњариве го собраа на 28 ноември 2017. Тој ден паднаа поголем дел од патриотите од 27 април. Без никакви докази Русковска ги обвини за тероризам, поради своите родољубиви и патриотски чувства кон Република Македонија и еве безмалку 2 години се по затвори.

Прашањето ми е ако докажан шпион како Верушевски, поради својата ,,невиност“ за одлежани 344 дена добива 42.000 евра наши пари, патриотите и уставобранителите по падот на хунтава по колку треба да добијат?, прашува Пандов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата