Палевски за 45 минути слетува на скопскиот аеродром и оди директно во Шутка

15.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Палевски за 45 минути слетува на скопскиот аеродром и оди директно во Шутка

24инфо.мк ексклузивно дознава дека вечерва во Македонија ќе биде донесен Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Според информациите што ги добиле, вечерва Палевски треба да слета на скопскиот аеродром по што директно ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје попознат и како Шутка.

Палевски беше уапсен на 6 декември минатата година, откако првично избега во Србија па преку Бугарија се даде во бегство во Турција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата