Граничната полиција ноќеска имала редок „улов“ – на влезот на Гевгелија фатила автомобил „фолксваген голф“ во кој се превезувале шестмина мигранти – пет од Египет и еден Мароканец.
Имено, ноќеска во 1 часот на влезот во Гевгелија полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ дале знак за запирање на „голф“-от, кој бил со албански таблички, но автомобилот не застанал туку продолжил. Но набргу запрел, по што возачот и совозачот избегале, а полицјаците ги пронашел мигрантите.
Тие се пренесени во Прифатно-транзитен центар Винојуг во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
The post Осум луѓе во „голф“ – двајца шверцери и шестмина мигранти appeared first on NetPress.

