Опожарено патничко возило „опел мерива“ во Штип

16.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Опожарено патничко возило „опел мерива“ во Штип

Опожарено патничко возило во Штип.

„На 16.11.2024 во 04.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип настанал пожар во паркирано патничко возило „опел мерива“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на Т.П.(55) од Штип“, информираат од МВР.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Штип.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата