Нов протест за Онкологија, се бара сите виновни да одговааат

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов протест за Онкологија, се бара сите виновни да одговааат

Пред владата се одржа протестот за случајот со Клиниката за онкологија. Со барање „Правда за жртвите“, се очекува протестот да продолжи пред зградата на Основното јавно обвинителство во Скопје.

Организаторите најавија дека ќе ги интензивираат протестите и повторија дека се бара судска разрешница за сите инволвирани во „скандалот со Клиниката на онкологија“, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово.

– Нема да има социјална правда дур не се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!, е пораката упатена од протестот.

Нагласуваат дека донесените измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства, доколку, како што истакнуваат, ние тоа не го дозволиме.

-Ултиматумот од минатата недела не е исполнет, особено барањето ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела и поради тие причини протестите ќе ги интензивираме. Нашите барања и ултиматум од овој протест, се истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата на работата на Детска онкологија, целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија, правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија, обелоденување на информациите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола, наведуваат организаторите.

Претходно, министер за здравство Фатмир Меџити денеска имаше брифинг со новинари, каде кажа дека очекува истрагата за Клиниката за онкологија да заврши во најкраток можен рок. Како што додаде тој, пациентите така ќе си ја вратат довербата и кон лекарите и кон здравствените институции.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата