„Нервозата е во СДСМ Е ЗАТОА ШТО ДУИ ОДИ ВО ОПОЗЦИЈА“

9.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Нервозата е во СДСМ Е ЗАТОА ШТО ДУИ ОДИ ВО ОПОЗЦИЈА“

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што  очекува од состаноците во СДСМ истакна дека Ковачевски треба да си поднесе оставка, а нервозата е во СДСМ затоа што ДУИ оди во опозиција, зачудуваат самопрогласени патриоти што се борат ДУИ да остане на власт.

„Чудно е што Ковачевски денеска држи состаноци за предлози што претходно ги одби што е доказ за негова погрешна проценка. Би требало да поднесе оставка и заради тоа и заради сите кризи што во коишто ја втурна Македонија. Нервозата е во СДСМ затоа што ДУИ оди во опозиција и дел од разумните во таа партија знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води бескомпромисна борба со криминалот во сите редови. Ако не грешеле не треба да се нервозни“, рече тој.

Како што изјави се очекува Ковачевски да си поднесе оставка.

„Но, најмногу зачудува тоа што самодекларирани патриоти всушност сега се борат ДУИ да остане на власт, а Македонците да се поделени. На крај на памет немало да ни падне дека љубовта кон ДУИ на овие патриоти е толкава, што се подготвени  државата да ја остават да тоне во криминал и безредие, хаос и безидејност на чело со ДУИ. Или не се свесни што прават сега или се дел од мафијашката спрега и структура на чело со ДУИ, односно поединци од ДУИ. Разбираме дека има поединци и во СДСМ коишто се зависни, имаат бизниси и криминал со ДУИ, но да ги потсетиме , едно од нашите ветувања беше дека ќе дојде крај на тоа, и ќе се врати редот во државата“, истакна Стоилковски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата