На Граничен премин „Долно Блаце“, при обид за излез од земјава и влез во Косово, вчера попладнето бил уапсен Л.С.(65) од Косово.
Како што наведе МВР, половина час претходно, односно околу 15 часот тој во Центар со неговиот автомобил „фолксваген голф“ со косовски регистерски таблички направил сообраќајка со автобус на ЈСП, па избегал.
Сепак, бегството траело кратко, и на граничниот премин при обид да влезе во Косово, бил идентификуван и уапсен.
The post Направил сообраќајка со автобус на ЈСП па избегал кон Косово appeared first on NetPress.

