Над 10.000 ДЕНАРИ ПОСКАПИ СЕ МИНИМАЛНИТЕ ТРОШОЦИ за едно семејство од мај лани до мај годинава

9.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над 10.000 ДЕНАРИ ПОСКАПИ СЕ МИНИМАЛНИТЕ ТРОШОЦИ за едно семејство од мај лани до мај годинава

Иако власта се пофали со пад на инфлацијата како и дека мерките кои ги вовеле давале резултат, реалноста покажува дека животот во Македонија е многу скап за граѓаните. Трошоците за живот на едно семејство и натаму се премногу високи. Сметките повисоки, цените на сите производи особено на храната исто така се многу повисоки споредено со минатата година, а поскапени се и сите услуги.

Според пресметката на ССМ, на едно четиричлено семејство во земјава во мај годинава му биле неопходни 49. 025 денари за да ја задоволи минималната синдикална кошница.

Од нив, како што велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), 19. 532,54 денари или 44,34 отсто биле потребни за исхрана и пијалаци, 13. 392,85, односно 30,41 отсто отсто за домување, 3.

196,9 денари за хигиена, 3. 720,1 за превоз, 2. 315,759 за облека и обувки, 1. 067,86 за култура и 821,47 денари за одржување на здравје, или вкупно 44. 047,52 денари.

Кога на нив ќе се додадат 4.977,37 денари или 11,3 отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49. 024,89 денари, прецизираат од ССМ.

За споредба, во мај минатата година синдикалната кошница изнесувала  38.791 денар. Што значи дека 10.234 за само една година  му требаат на едно просечно македонско семејство да го истурка месецот од први до први.

Нагласуваат дека просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34. 925 денари

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата