МВР тврди дека постапувале по пријавите ОД ЖЕНИТЕ КОИ БЕА УБИЕНИ ВО КОЧАНИ И КУМАНОВО

27.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МВР тврди дека постапувале по пријавите ОД ЖЕНИТЕ КОИ БЕА УБИЕНИ ВО КОЧАНИ И КУМАНОВО

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од граѓански здруженија дека полицијата наводно не постапила по пријавите на жените кои беа убиени во Кочани и Куманово. Велат дека е постапено по секоја пријава.

-Во врска со случајот во Куманово, од страна на СВР Куманово редовно се преземани мерки и активности, и во периодот од 2013 до 2023 година од страна на СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово се поднесени пет кривични пријави против Д.Ј. за сторено кривично дело по член 130 ст. 2 од Кривичниот законик, во кои оштетено било лицето Е.А, нагласуваат од МВР.

Во врска со случајот во Кочани, од полицијата истакнуваат дека во ОВР Кочани на 16.05.2023 во 11.30 часот Т.М. пријавила дека подолг период У.Р. , со кого биле во љубовна врска, ја уценувал дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа доколку не му даде пари.

-Од страна на инспектори во НК за КР – ОВР Кочани е постапено по пријавата и на 31.05.2023 до ОЈО Кочани е доставен поднесок – известување, со службен материјал во прилог, а на 05.06.2023 до надлежното Обвинителство е доставено и дополнување на известувањето, со службен материјал во прилог. Министерството за внатрешни работи секогаш постапува по добиените пријави и се преземаат мерки и активности во координација со другите надлежни институции. Апелираме да не се пласираат дезинформации, стои во демантот на МВР.

Реакциите следуваат откако пред два дена четириесет и шестгодишната жена беше убиена пред својата куќа во Кочани. Почина по 40. убодни рани што и ги нанесе 59-годишник. Жената претходно неколкупати пријавувала закани во полиција и во јавното обвинителство од каде што барала и заштита.

За фемицидот гласно се зборува, се менуваат закони, се прават кампањи, но бројката на убиства на жени се зголемува. Годинава имало пет фемициди. Судската пракса, за минатите години, покажува дека сторителите добиле најниско пропишани законски казни.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата